
Над 8.000 студенти ја започнаа новата академска година на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Со модерни дигитални библиотеки, лаборатории по светски стандарди и можности за меѓународна размена, УГД им нуди на студентите европско образование дома. Според ректорот Дејан Мираковски, над 90% од новозапишаните студенти се пријавиле уште во првиот рок, што го потврдува статусот на УГД како прв избор за високо образование во земјава.
,,Ја почнуваме новата студиска година за над 8.000 студенти на сите три циклуси на УГД. Ова е можност нашите студенти кој што го избраа универзитетот да учат од најмодерни дигитални библиотеки, да учат во најмодерни лаборатории, да бидат дел од меѓународни размени, да добијат европска диплома овде кај нас и да бидат подготвени за тоа што ги чека во иднината. Ми претставува посебна чест што не бираат во првиот уписен рок и добивме над 90 проценти од студентите, што значи УГД станува прв и препознатлив избор за високото образование . Ќе им посакам многу успех во учењето, да бидат истрајни, а универзитетот со професорите ќе им биде подршка во патот кој што го одат.“, рече Мираковски
Дека универзитетот е најдобриот избор за регионот, едногласни беа и студентите. Велат и оваа година им претставува предизвик за да се постигнат добри резултати
Инаку настанот се одржа во дворот на екомонскиот факултет, при УГД Штип, а на истиот присуствуваа декани, професори и студенитите, кој со голема мотивација ја почнаа студенстката година.
Иван Митев, М-Нет