Струмичка Беласица декласирана од Беласица од Петрич на пријателски натпревар

Струмичка Беласица вчера одигра нов пријателски натпревар против Беласица од Петрич и истиот го загуби со убедливи 1:4.

Бугарскиот второлигаш кој има амбиции за влез во Првата бугарска лига одигра одличен меч против македонскиот второлигаш од Струмица.

Владимир Гогов, Запро Динев, Куфре Ета и Аспарух Смилков беа стрелци на четири погодоци за Беласица Петрич.

Претходно, струмичка Беласица загуби од Феризај (0:2), со убедливи 4:1 го доби бугарскиот третолигаш Септември Смитли, а ремизираше со Кожуф (1:1). Следни тестови за Беласица ќе бидат против Академија Пандев и „генералка“ со Брегалница во Штип.