Арсими подобар од Тетекс на пријателски натпревар

Арсими од Чегране со 1:2 го доби Тетекс на контролен натпревар кој се одигра вчера. За „штофарите“ единствен стрелец беше Емил Скоко, додека пак за Арсими погодија Мурат Адили и Ерион Шкуку.

„Жолто-црните“ одиграа одличен меч со неколку шанси кои не ги реализираа.

Следен пријателски меч за Тетекс ќе биде против најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар кој е закажан за 4. февруари, додека пак Арсими ќе се тестира со Башкими од Куманово.