
Шампионот Струга Трим Лум со 0:2 ја тресна Шкендија среде Тетово и ја одбрани шампионската титула со што Струга по вторпат во историјат едно по друго ја освојува шампионската титула во Првата македонска фудбалска лига.
Струга е старо-нов шампион во домашното првенство на едно коло до крајот.
Бесарт Ибраими во 44. минута погоди за 0:1 на полувреме, а на стартот од вториот дел Марјан Радески погоди за конечни 0:2.
Вардар и официјално ќе игра бараж за опстанок, откако денес во Кратово одигра 1:1 против Силекс во рамки на претпоследното 32. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Гостинскиот тим од Скопје преку Филип Дурански во 10. минута постигна гол за 0:1, резултат со кој Вардар остануваше во игра до последно да се бори за директен опстанок, но во 84. минута Стефан Милосављевиќ постигна гол за конечни 1:1 и го втурна Вардар да игра бараж за опстанок со Детонит Плачковица.
Три „нули“ се одиграа во рамки на оваа претпоследно коло до фудбалската елита на Македонија. Шкупи и Брера Струмица ремизираа играјќи 0:0 на Чаир, со што струмичани го потврдија директниот опстанок во Првата лига, реми без голови имаше и во Кавадарци меѓу Куп финалистите Тиквеш и Воска Спорт, а без голови одиграа и Гостивар со Работнички.
Во дербито на двете екипи кои веќе се нови второлигаши Македонија ЃП со 2:1 славеше над Брегалница. Во првиот дел мрежите мируваа, а во вториот дел беа постигнати трите гола. Ларсон во 63. минута постигна гол за 1:0, а во 72. минута Фазли погоди за 2:0. Во финишот на мечот Канформ постигна гол за конечни 2:1.
Александар Ванев, М-Нет