
Фудбалска Македонија доби уште еден тренер со УЕФА Про лиценца, Александар Таневски се стекна со највисоката лиценца.
42-годишниот тренер на Скопје и селектор на У20 репрезентацијата на Македонија успешно ја заврши програмата за стекнување со УЕФА Про лиценца.
Инаку, Таневски низ неговата кариера ги водеше прволигашите Беса од Добри Гол, Македонија ЃП и Брера Струмица поранешно Академија Пандев.
Пред Таневски е нов предизвик со Скопје ќе игра бараж за влез во Прва лига против Брера Струмица односно против неговиот поранешен клуб в недела во Битола.
Александар Ванев, М-Нет