(Видео) Сто години противпожарна единица во Штип

На денот на пожарникарите на Македонија, во Штип противпожарната единица скромно одбележа еден век работа.

-„Кадровски сме екипирани, според европските стандарди за еден пожарникар на 1500 жители, но чувствуваме недостиг на опрема и противпожарни возила“ – вели командирот Тони Атанасов

-„Општина Штип има обврска за целосно опремување на пожарникарите и работи на овој проблем“ – вели градоначалникот на Штип Благој Бочварски. Во тек е реализација на меѓуграничниот проект со Бугарија кој ќе резултира со набавка на ново противпожарно возило, така што возниот парк кој сега е составен од пет противпожарни возила, наскоро ќе биде збогатен со уште едно. На денот на македонските пожарникари градоначалникот Бочварски упати јавна благодарност до штипската противпожарна единица која во активностите за заштита од коронавирусот беше во првите редови, заедно со јавното комунално претпријатие и волонтерите од Штип