
СВР Штип изминативе два дена по претходно преземени мерки и активности расветли вкупно 9 кривични дела од кои: 3 кривични дела „тешка кражба на дрзок начин“, една „разбојничка кражба“, пет кривични дела „тешка кражба“ од кои 3 извршени од продавница, една од куќа и една од комби моторно возило, извршени на подрачјето на Полициската станица Штип, а за кои осмоничени се пет лица на возраст од 17 до 31 година, сите од Штип.
17 годишен малолетник е осомничен сторител на 3 кривични дела „тешка кражба на дрзок начин“, една „разбојничка кражба“ и една „тешка кражба“ од куќа.
СВР Штип работи на целосно комплетирање на случаите по што против сторителите до надлежното обвинителство ќе бидат поднесени кривични пријави.