
Стартуваат работните активности на улицата Астибо во населбата Автокоманда во Штип, каде што се очекува во денешниот ден истата да виде изасфалтирана. Како што најави градоначалникот Јорданов, денес и утре ќе се работи и на улицата 15 Корпус, во населбата, на крак од ул. Широк Дол, како и во населбата Караорман. Целта е да се подобри сообраќајната поврзасност на територија на Општина Штип.
,,Моментално се наоѓаме на ул. Астибо во нас. Автокоманда. Овде се припрема, а и во текот на денот верувам дека истата улица ќе биде изасфалтирана, но не само оваа улица, ќе се асфалтира и ќе се работи денес и во населбата Караорман, ќе се работи на улицата 15 Корпус, која е веднаш до ОУ,,Гоце Делчев”. Заборавен крак на ул. Широк Дол денес е предвиден да биде изасфалтиран. Така да продолжуваме со сите позиции кои што се биле по барање на граѓаните и верувам дека во текот на денешниот ден и утрешниот, сите овие позиции ќе бидат завршени со асфалтирање.“, рече Јорданов
Јорданов рече дека истовремено општината работи и на уредување на тротоарски површини во повеќе населби. Како што тој вели овие активности се предвидени во програмата за градежно земјиште.
Со ваквите инвестиции, од една страна граѓаните ќе добијаат уредени улици и тротоари, како и подобри услови за живот од дргуа страна.
Иван Митев, М-Нет