
Познатот македонски артист Дарко Андонов, го објави својот најнов сингл „НЕ МОЖАМ“, кој веќе започна да привлекува големо внимание на сите платформи. Песната, која беше објавена на 11 јуни, носи силна емоција и искрени текстови кои допираат до срцата на слушателите.
Синглот е креација на Дарко Андонов, кој ја потпишува и музиката и текстот, додека аранжманот е дело на Кире Јакимов.
„НЕ МОЖАМ“ е музичка приказна која ја пренесува борбата, чувствата и искрената потрага по љубовта. Идејата на песната е да се прикаже новот време во кое често пати болката се крие зад насмевката. Песната е наменета пред се за оние кои што се силни, но носат тешко одвнатре.
Инаку, Андонов претходно во мај ја објави и песната Илузија. Со новите дела, тој претставува уште еден чекор во неговата авторска зрелост и претпознатлив стил, кој го гради повеќе години.
Иван Митев, М-Нет