
Станува се понеизвесно во Втората фудбалска лига кога е во прашањето горниот дел од табелата и местата кои водат кон Прва лига, како и долниот дел каде се води борба за опстанок.
Башкими се израмни на врвот од табелата со Македонија ЃП, откако лидерот од Ѓорче ремизираше во Македонска Каменица играјќи 0:0 со Саса, во меч кој го следевте на М Нет Спорт, а притоа „лаовите“ не реализираа пенал.
Тимот на Башкими влезе во победничка форма од четири победи во низа откако со 3:0 го совлада Охрид и сега е втор но со ист број на бодови како и Македонија ЃП, по 45 бодови.
Брегалница успеа да го совлада Осогово во Кочани со 1:2, откако вториот гол штипјани го постигнаа од белата точка, а сигурен беше Калпачки, во овој случај Брегалница останува на третото место или во бараж зоната со 43 бодови, два помалку од водечките екипи.
Во трката за Прва лига влегува и Арсиим, кој е на 4. место со 39 бодови, а пак Арсими со 0:2 го доби Новаци на гостински терен.
Реми од средишниот дел на табелата на Скопје и Детонит Плачковица од 2:2, во меч каде радовишани имаат во два наврати предност во Автокоманда, а пак Кожуф со 0:2 го доби Вардар Неготино на „Цвај арената“.
Беласица триумфираше во Прилеп откако го совлада тимот на Победа со минимални 0:1, додека пак во дербито од дното кое го следевте на М Нет телевизија екипата на Вардарски со 2:0 го совлада Борец.
Во долниот дел од табелата е Вардарски со осум бодови, Борец е претпоследен со 10 бодови, Осогово е во бараж зоната со 13 бодови. Во зоната за директен опстанок се Вардар Неготино и Новаци со по 20 бодови и Победа со 21 бод, а овие екипи сакаат обезбедување на сигурен опстанок.
Александар Ванев, М-Нет