
Екипата на Борец го загуби дербито од дното на табелата од Вардарски во Богданци со резултат од 2:0, а ваквиот резултат и пораз го врати Борец чекор назад кога е во прашање борбата за директен опстанок.
Тренерот на Борец, Горан Симов, за М Нет телевизија истакна дека победата на Вардарски е заслужена.
„Сосема заслужена победа на екипата на Вардарски, едноставно повеќе ја посакуваа победата и на крај заслужено и победија со 2:0“, вели Симов.
За Борец ќе биде тешко да се обезбеди директниот опстанок, особено после поразот од Вардарски.
„Секој натпревар за нас е како бараж натпревар, во следното коло го дочекуваме дома тимот на Осогово, ист натпревар како тој во Богданци ќе биде, кој повеќе ќе ја посакува победата, тој ќе победи. Има уште многу да се игра ништо не е загубено, за тоа бараж место. Ќе се бориме ние Вардарски и Осогово, кој повеќе посакува кој повеќе има желба тоа трето место од долу кое води баражот. Тешко, голема е бодовната разлика помеѓу екипите над нас, ние нашите шанси за тој директен опстанок ги прокоцкавме во Богданци и со Победа дома“, додава Симов за М Нет телевизија.
Пред Борец сега следува уште едно дерби од дното на табелата, а тоа е против Осогово на домашен терен, дерби на две екипи кои се конкуренти за опстанок во Втората лига.
Александар Ванев, М-Нет