
Приемот на сирова вода од ХС „Злетовица“ е стабилизиран, информираат од Филтер станицата при ЈП „Исар“ – Штип.
Од претпријатието известуваат дека во текот на вечерните и раните утрински часови Филтер станицата ќе продолжи со водоснабдување на домаќинствата во Штип.
По претходните отежнувања, стабилизацијата на приемот на сурова вода овозможува продолжување на процесот на производство и дистрибуција на вода до корисниците.
Граѓаните на Штип ќе продолжат да бидат информирани за евентуални промени во водоснабдувањето.