
Охридскиот прволигаш Воска Спорт го назначи Срѓан Захариевски за нов тренер, откако претходно му даде отказ на црногорскиот стратег Миљан Радовиќ.
Захариевски е веќе договорен за нов шеф на стручниот штаб на Воска Спорт, а сега ќе следи само негова официјална промоција како нов кормилар на охриѓани.
Големиот пораз на Воска Спорт од 3:0 на Чаир од Шкупи беше пресуден за Црногорецот да добие отказ.
50-годишниот Захариевски последно ја водеше Струга Трим Лум, а во минатото беше тренер и на Металург и Пелистер.
Александар Ванев, М-Нет