Средношколците од Штип со најголем интерес досега за шаховскиот турнир во „Коле Нехтенин“ по повод 8 ноември

По повод 8 Ноември, Денот на ослободувањето на градот Штип, во Државното средно училиште „Коле Нехтенин“ во Штип се организираше турнир во шах, спорт за кој во градот под Исарот од година во година има се поголем интерес, а годинава учествуваат 24 ученици.

Директорката Јованка Шалева за М Нет телевизија истакна дека интересот за шахот од година во година расте, а притоа овој турнир прераснува во еден вид на традиција. Идејата за да се организира овој турнир била на нивникот колега, професорот по спорт Антонио Киров, а во соработка со штипскиот шаховски клуб Нов Напредок од Штип.

„Во пресрет на 8-ми ноември денот на ослободувањето на град Штип, ние веќе трета година по ред организираме турнир во шах. Мене ми е особена чест и задоволство бидејќи интересот за шахот се повеќе и повеќе расте и овој турнир прераснува во еден вид наша традиција. Шахот е друштвена игра која што бара поголема мисловна активност концентрација, носење мудри одлуки и правење правилни чекори. Придобивките од шахот се големи бидејќи ја збогатуваат емоционалната интелегенција кај младиот човек, концентрацијата, градење на индивидуалните способности, меѓутоа и играта во тимови. На овој начин ние даваме мал во одбележувањето на големиот ден за нашиот град. Идејата за овој турнир беше на нашиот колега, наставник по спорт, Антонио Киров, а во споработка со шаховскиот клуб Нов Напредок од Штип“, вели Јованка Шалева, директор на ДСУ „Коле Нехтенин“ од Штип.

Тоа што и во минатото сме го разговарале со Донче Јорданов, кој што беше гостин и во спортскиот магазин Трибина на М Нет телевизија, а кој е секретар на шаховскиот клуб Нов Напредок од Штип, интересот за шахот како спорт во градот под Исарот се зголемува, а како што вели тој токму денешниот шаховскиот турнир е доказ за зголемениот интерес, бидејќи на истиот досега се пријавени најголем број на ученици.

„Овој турнир ги опфаќа сите средни училишта во град Штип. Ме радува што имаме пријавени 24 ученици од средните училишта во Штип, тоа до сега е најголем турнир од ваков тип и фактички покажува дека нашиот клуб Нов Напредок правилно ја усмерува својата активност кон младите. Доказ за тоа дека се зголемува интересот за шахот е и овој турнир“, вели Донче Јорданов, секретар на шаховскиот клуб Нов Напредок од Штип.

Тоа што Штип има свој шаховски клуб со своја школа е уште една предност, бидејќи како што истакна и директорката Шалева, придобивките од шахот како спорт се големи.

Александар Ванев, М-Нет