
Сообраќајна незгода денеска напладне се случи на патот Делчево – М. Каменица, кога дошло до судир меѓу три возила, патничко моторно возило, комбе и товарно возило. Несреќата во СВР Штип била пријавена во 12:30 часот кога врпочем и сообраќајот бил во прекин. Според првични информации повредени се две лица. Во 14:45 часот сообраќајот е нормализиран и во двата правци. Повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.

