Од понделеник се пуштаат во употреба патарините на автопатот Штип – Миладиновци

Од понеделник се пуштаат во употреба патарините на автопатот Штип Миладиновци. Тоа значи дека патувањето од Штип до Свети Николе ќе ве чини дополнителни 140 денари во двата правци, пари кои ќе треба да се платат за патарини. До Скопје пак за двата правци треба да издвоите 320 денари. Од јавното претпријатие за државни патишта информираат дека наплатните станици ќе бидат во функција и кај Преод и кај Кадрифаково.

„Јавното претпријатие за државни патишта известува дека од 18.7.2022 година во 7 часот ќе бидат во функција наплатните станици Преод и Кадрифаково на автопатот А4 на делницата Миладиновци-Свети Николе-Штип и обратно.

На наплатните станици целосно функционира Електронскиот систем за наплата на патарина. Посочуваме дека првите две ленти од десно се за возилата кои користат М-таг електронски уред со кој се поминува со намалување и успорување на брзината на движење на возилото и без запирање, додека на останатите ленти покрај наплата во готово може да се употреби и М-смарт картичката како електронски уред за наплата на патарина.“ – информираат од претпријатието.

Наплатните станици Преод и Кадрифаково имаат по 7 (седум) наплатни кабини.Патарината кај Преод ќе чини 50 денари, а кај Кадрифаково 70 денари.

Лаура Стојанова М-Нет