Сончево време со температура до 28 степени

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец кој повремено ќе достигнува брзина од 50 километри на час. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени.

Во Скопје, променливо облачно и посвежо. Ќе дува засилен, во делови од котлината повремено силен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде до 27 степени.

Текстот Сончево време со температура до 28 степени е превземен од МАКФАКС.