СОМА Штип со иницијатива за подигнување на свеста за мозочниот удар: Препознај, реагирај, биди нечија шанса за живот

Иницијатива за подигнување на јавната свест за навремено препознавање на симптомите на мозочен удар и значењето на брзата реакција за спасување човечки живот, денес беше реализирана од страна на студентите од студентската организирана медицинска асоцијација СОМА од Штип. Претседателот на СОМА, Матеј Бошкоски смета дека одговорност кон човечкиот живот започнува уште во студенстките денови.

,,Денес, по повод Светскиот ден за борба против мозочниот удар ние студентите од студентска организираната медицинска асоцијација СОМА Штип, реализиавме една иницијатива со една важна цел. Тоа е подигннување на свеста за навременото препознавање на симптомите и значењето на брзата реакција при мозочен удар. Како студенти по медицина, веруваме дека нашата одговорност кон човечкиот живот започнува уште за време на студиите. Преку оваа иницијатива сакаме да покажеме дека знаењето на секој еден од нас може да спаси и да биде шанса за нечиј живот. Благодарни сме на сите професори, институции, соработници и учесници што ја поддржаа нашата иницијатива. Нашиот слоган е ,,Препознај, реагирај, биди нечија шанса за живот“, вели Бошкоски

Мозочниот удар е една од најчестите смртоносни причини, констатира проф. д-р Даниела Ристиќ Стомнароска, која смета дека преку оваа иницијатива акцент се става на раното препознавање, контрола на ризик-факторите и едукацијата, зашто брзата реакција значи спас за човечкиот живот.

,,Денешната иницијатива е всушност да го истакнеме значењето на раното препознавање и дијагноза на мозочниот удар, бидејќи мозочниот удар е една од најчестите причини за смртност и инвалидитет кај нашата популација. Нашиот таргет е раното препознавање, контрола на факторите на ризик и соодветната едукација, не само на медицинските лица, туку и на пациентитее, затоа што секој оној што ќе ги препознае симптомите или знаците за мозочен удар, брзо ќе реагира, а тоа самото по себе значи спасување на човечкиот живот.“, рече Ристиќ- Стомнароска

Проф. д-р Елена Јовева, невролог, истакна дека целта е граѓаните да се информираат за можностите за лекување на акутниот мозочен удар во нашата земја, вклучително и во Клиничката болница во Штип, како и за важноста од навремено препознавање на симптомите и брзо пристигнување во болница, со цел да се овозможи соодветен третман.

,,Целта на моето излагање беше да самите пациенти да знаат дека и во нашата земја располагаме со соодветна терапија за акутен мозочен удар. Без раслика дали станува збор за асхемичен или за хеморален мозочен удар. Дека располагаме и во нашата КБ Штип со примена на тромболитички агенси коишто се аплицираат доколку самиот пациент навремено не се донесе на нашето одделение. Временскиот прозорец е околу четири часа, меѓутоа имаме тераписки агенси коишто ни овозможуваат да одиме и до девет часа. Имаме и неврохируршки тим, станува збор за понатамошен третман за механичка тромбонија над девет часа, кога е нели проширен тој временски прозорец и на времено можеме да поминеме“, кажа Јовева

Со пораката „Препознај, реагирај, биди нечија шанса за живот“, студентите од СОМА Штип повикуваат на поголема информираност и свесност, потсетувајќи дека навремената реакција може да биде пресудна за спасување нечиј живот.

Ева Тушевска, М-Нет