
Дождот не ги спречи граѓаните за пазар во Штип. И овој петок со чадор во рака, купувачите се упатија кон градскиот пазар во потрафа по свежи продукти. И покрај мокрите улици и сивото небо, штипскиот пазар пулсираше со вообичаената енергија, продвачаи кој нудат, купувачи кои бират. Овој петок според анкетираните цените реални, ама според продавачите побарувачката намалена.
Продавачите велат дека очекувано е секој година при крајот на месец септември, граѓаните да купуваат по слабо. Велат дека ситуацијата ја разбираат, но пониски цени од денешните не можат да попушата.
Инаку, од овој петок посебно забележително се продаваа и есенските производи, како корнишони, карфиол, нижен пипер, морков и слично, а граѓаните пополека, но сигурно се подгтовуваат за предстојната студена зима.
Иван Митев, М-Нет