
Со утринска молитва и желби за добро здравје, граѓаните уште во раните зори го посетија манастирот св.Петка во с. Сарчиево. Вкусна погачка и свеќа за здравје велат дека е традиција која секоја година граѓаните ја негувааат и го посетуваат светиот храм со желби за добро здравје и среќа.
“Секоја година, секоја година за здравје. Палиме свеќа, еве роднината дава за здравје, погачка меси. Погачката ја сече и ја раздава за здравје за сите.”, велат посетителите
“Доаѓаат обично одвечер, но ние денеска си дојдовме на денот на празникот, св.Петка.”, додаваат посетителите
Има и посетители кои прв пат денес ја посетија црквата св.Петка во село Саричиево и велат дека многу е убаво, каде и да се оди на црква секаде е убаво. Посочиа дека овој празник е многу голем и значаен, а прославувањето на овој празник е како и сите празници со песни и ора. Инаку денес во црквата св.Петка во с.Сарчиево се служеше јагнешко месо со компири.
“Црквичка прв пат доаѓаме тука во неа, до сега не сме доаѓале, но убаво е каде и да се оде на црква секаде е убаво.”, истакнаа посетителите
“Јас прв пат идам тука и убаво манастирче за здравје за среќа. Со ора со песни, ручок се дава за здравје .” , велат посетителите
“Дојдовме запалеме свеќа, а традиција е секоја година си доаѓаме на црква.” , додаваат посетителите
Инаку христијаните овој празник го одбележуваат секогаш на 8 август, денот на Преподобната маченичка Параскева, позната во народот и како Летна света Петка. Почитта кон оваа светица е широко распространета меѓу македонскиот народ, кој ја смета за заштитница од различни несреќи и болести, па затоа често и ја нарекуваат мајка Параскева. Верувањето е дека треба да се посвети на молитва и дека христијаните треба да избегнуваат тешки физички активности. Порано, се сметало дека во овој ден не треба да се вршат домашни работи како месење, перење, изнесување на пепел или шиење.
Лаура Стојанова, М-Нет