Трето прскање против комарци во Кочанани и кочанско, се известуваат пчеларите за соодветните заштити

Денеска во вечерните часови ќе се спроведе трето прскање протиов комарци во Општина Кочани и кочанско. Ова дезинсекциско третирање од земја ќе се спроведе по трет пат од страна на екипата „Лиса ком“ од Кавадарци.

В четврток, 8 август во вечерните часови (од 20 ч.), во Кочанско ќе се спроведе дезинсекциско третирање за заштита од комарци.

Во третата фаза од запрашувањето од земја ќе бидат опфатени 300 хектари во градот Кочани и во селата Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари. Третирањето ќе го изведе стручна екипа на „Лиса ком“ од Кавадарци со воднорастворлив широкоспектарен инсектицид одобрен од Бирото за лекови, стои во соопштението од општината.

Доколку временските услови се неповолни, третирањето ќе се одложи за следниот поволен ден.

Лаура Стојанова, М-Нет