
Со свечена церемонија утре ќе се одбележи 112 години од големата Брегалничка битка, која има клучна важност за Балканската војна. Во Штип настанот ќе биде одбележат во 11 часот кај брдо Каленица, а на истиот ќе бидат положени свежи цвеќиња, а ќе се интонираат химните на Република Македонија и Република Србија, во чест на храбрите војници кои учествувале во битката. На овој свечен чин ќе присуствуваат и претставници од владата на Р. Србија кои заеднички со граѓани на Штип ќе ја изразат почитта и тагаата кон загинтите војници кои го дале својот живот за слободата на своите народи. Овој настан има симболична и историска важност за двете држави, кои и понатаму го одржуваат сеќавањето на една од најзначајните победи во воената историја на Балканот.
Настанот ќе биде присутен од страна на бројни официјални лица, а исто така и граѓани кои ќе ја покажат својата почит кон херојските дела на војниците. Инаку, одбележувањето претходно ќе започне во 9 часот во Велес, а во 13 часот од Штип ќе продолжи во село Цера Македонска Каменица.
Иван Митев, М-Нет