Со пригодна манифестација утре ќе се одржи приемот на првачиња во штипските училишта

Основните училишта на територија на Општина Штип утре ги отвораат своите врати за идните првачиња. Пригодна манифестација и приредба со цел идните првачиња да бидат соодветно пречекани во училиштето.

Од ООУ „Славејко Арсов“ истакнуваат дека приемот на првачињата ќе биде утре со почеток од 10 часот во училишниот двор на училиштето. Учебната година започнува на 1 септември понеделник, одделенска настава втора смена и предметна настава прва смена.

Свечен прием на првоодделенците организира и ООУ Димитар Влахов“. Таму настаните започнуваат во 9:30 чсот.

„По повод овој значаен настан, училиштето организира пригодна свеченост и приредба, каде што идните ученици од прво одделение ќе бидат пречекани од наставниот кадар, директорот на училиштето у постарите другарчиња. Свечената програма предвидува поздравен говор од раководството на училиштето, настапи на ученици од повисоките одделенија, доделување мали подароци и прва прошетка низ училишните простории“ – стои во соопштението од училиштето.

На настаните ќе можат да присуствуваат и родители на првачињата, за да се проследи стартот на образовниот пат на деветгодишното патување низ описменување и стекнување нови знаења.

Во Штип во учебната 2025/2026 година заппишани се нешто над 360 првачиња, бројка што е за 35 деца помалку споредбено со претходната година. Ова се должи пред се на иселувањето од Штип.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет