
Средното општинско училиште „Јане Сандански“ Штип е единствено меѓу основните и средни училишта во градот кое не побара формирање на паралелки со помал број ученици. Од слободни 202 места за упис на ученици во прва година во учебната 2025-2026 година, попленти се 196. Директорката, Марија Николиќ, истакна дека најgолем интерес има за медицински сестри каде оваа учебна година се запишани 100 ученици.
„Согласно барањето до МОН ние во прва година требаше да запишеме 202 ученика, а заклучно со денешниот ден имаме запишано 196 ученика што значи дека имаме полн капацитет во парлалеките. Децата се распределени во сите образовни профили. Најголем интерес имаме за медицинските сестри каде имаме зашишано 100 ученици, но секако овде се и забните техничари кои уште во првиот уписен рок се наполнија со 25. Фармацевтските техничари 23, физиотерапевтски техничар 22 и техничар за козметичка нега и убавина каде имаме вкупно 25 ученици.“ – вели Николиќ.
Единствен профил каде има отфрлени ученици е новиот техничар за козметичка нега и убавина. Овде имало пријавено повеќе ученици од колку што имало слободни места. Овој профил е воведен за првпат оваа учебна година, согласно потребите на пазарот на труд.
„Предизвикот беше да направиме промена и да го следиме трендот согласно барањата на потребите на пазарот на трудот. Предизвик е и за нас како наставен кадар е нешто ново. Ние имаме потребен кадар. Имаме склучено и меморандуми за соработка со козметичките салони од градот. Интересот е преголем, таму имавме единствено отфрлени ученици од бројот на пријавени. Запишани се одлични ученици и се надевам дека ќе се постигнат големи резултати“ – вели Николиќ.
Учебната година за средношколците во СОУ Јане Сандански Штип започнува на 1 септември, прва година од 8 часот, втора година од 7:30 часот, а трета и четврта година од 13:45 часот.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет