
Со едноминутен молк, положување свежо цвеќе, и рецитал денеска се одбележаа 82 години од смртта на Викторија Поп Јорданова Цена. Преставници од Локалната самоуправа, политички партии, делегации, институции, здруженија, пријатели оддадоа почит на Цена, пред споемн обележјето во кругот на Основниот Суд.
„Денес одбележуваме 82 години од загинувањето на Викторија Поп Јорданова – Цена, го одбележуваме денот кога таа на Карадак на планината Шара падна погодена од балистичкиот куршум. 82 години по нејзината смрт се доволни да се оцени големината на борецот, револуционер и комунист Викторија Поп Јорданова.“ – вели Мицевски.
Уште од мали нозе започнува да се бори за слободна држава, па од овде произлегуваат и големиот број нејзини прогони уште кога била дете и одела на училиште. Загинува млада погодена од куршум без да дочека да ја види слободна својата Македонија.
„Викторија Поп Јорданова е родена на 7 февруари во семејство на Софија и Петар Поп Јорданови. Поради нејзините напредни сваќања, нејзинтото прогонување започнува од најраните години од нејзиниот живот.“ – вели Мицевски.
На настанот се рецитираше и песна посветена на хероината Цена.
Лаура Стојаноова Ќрчов, М-Нет