
Со молитва и запалена свеќа за здравје и спасение, верниот народ денеска го одбележува Светиот апостол Вартоломеј. Уште рано утринава, пред жештината, голем број граѓани ја посетија градската црква Свети Никола во Штип, барајќи благослов, заштита и духовна крепост од светецот. Анкетираните верници пред камерите на М-НЕТ телевизија велат дека токму верата е она што ги одржува во најтешките животни мигови. Празникот и годинава ги собра верниците и покажа дека верата и надежта остануваат најсилната врска меѓу човекот и Бога
Светиот апостол Вартоломеј е еден од дванаесетте Христови апостоли, кој бил меѓу првите ученици што го следеле и проповедале Христовото учење. Според црковното предание, тој го ширел Евангелието во повеќе земји, сведочејќи ја верата со голема посветеност и храброст. Во христијанската традиција се почитува како апостол кој останал верен до крај на својата мисија и учење.
Иван Митев, М-Нет