Строги предлози за електричните тротинети – се предлага возење само од полнолетни лица со брзина до 20 км/ч

Електричните тротинети да ги управуваат само полнолетни лица и да се движат со најмногу 20 километри на час. Ова се дел од измените во новиот предлог-закон за безбедност во сообраќајот, со кои се предвидува заострување на правилата за овој вид превоз. Мерките доаѓаат по зголемениот број сообраќајни незгоди во кои учествуваат тротинети, а целта, според пратениците, е повеќе ред и поголема безбедност во сообраќајот.

,,Со предлог законот за изменување и дополнување на законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, се врши дефинирање на лесно електрично возило. Оваа дефиниција зема предвид за компаративните искуства на повеќе земји во регионот. Воедно се врши суштинска интервенција во однос на дозволената брзина на движење на лесните електрични возила, односно се предвидува максимална брзина до 20 км на час, согласно препораките на европската унија во делот на регулирање на сообраќајот на овој тип на овизла, со цел намалување на констатираните прекршоци и спречување повреди и штети со електрични тротиенти. Се планира заострување на условите, под кои може да се управува ваков вид на возило, конкретно со зголемување на старосната граница, односно минималнта возраст од 18 години за управување на овие возила.“, вели Мицевски

Мерката е строга, но неопходна за заштита на младите учесници во сообраќајот – вели пратеникот Мицевски. Според податоците на МВР, повеќе од половина од несреќите со електрични тротинети се случиле кога управувале лица на возраст од 16 и 17 години.

,,Ние сме свесни, дека оваа мерка е строга и дека е висока, но истата ја предлагаме со една и единствена цел, да ги заштитиме младитеу чесници во сообраќајот. Анализите на МВР покажуваат во повеќе од половината од несреќите со електричните тротинети, истите биле управувани од лица од 16 и 17 годишна возраст.“, додава Мицевски

Со новиот предлог-закон се очекува воведување построги правила за користење на електричните тротинети, со цел зголемување на безбедноста и намалување на сообраќајните незгоди, особено кај младите учесници во сообраќајот.

Иван Митев, М-Нет