Со марш и воени почести, АРМ одбележа 34 години од своето постоење во Штип

Со воени почести, чекор во ритам, звучен марш и горно подигнати знамиња, денес во касарната ,,Јане Сандански“ во Штип, се одбележа 18 август, Денот на Армија и 34 години од нејзиното постоење. Со строен поздрав и свечен говор на припадниците на Армија им се оддаде признание за нивната дисциплина, посветеност и служба во одбрана на татковината. На настанот присуствуваа претставници на политички партии, претставници на воениот врв, градоначалници од регионот, раководители на јавни институции и претставници на верски заедници кои свечено ја одбележаа 34 годишнината од нивното постоење. Потполковник Ристо Стоев истакна важноста од професионални војници кои со својата мотивираност и одговорност учествувале и успешно се справувале со сите предизвици.

Денеска и во касарната „Илинден“ во Скопје, артилерискиот баталјон ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од шест артилериски орудија.

Ева Тушевска, М-Нет