
По повод одбележувањето на 35 години независност на Македонија, утре, 18 август, на плоштадот „Слобода“ во Штип ќе се одржи големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“. Караванот со музичко-сценскиот спектакл продолжува низ Македонија. По настапите во Охрид, Битола и Велес, каде што привлече десетици илјади посетители пристигнува и во Штип.
На сцената во Штип ќе настапат 20 изведувачи, а водител на вечерта ќе биде познатиот македонски шоумен Игор Џамбазов. Програмата официјално започнува во 20:30 часот, а настанот е отворен за сите посетители.
Публиката ќе има можност да ужива во познати македонски песни, рефрени и стихови, исполнети во различни музички интерпретации.
Ева Тушевска, М-Нет