Со клик на мапа може да проверите дали во комшии имате заболен од западнонилска треска и кои се местата со висок ризик

На веб-страницата http://www.healthalert.mk/ од денес граѓаните можат во секое време да видат колкав е бројот на заразени со западнонилска треска, од која општина се, колкумина се хоспитализирани, колкумина се оздравени, а колку лица починале, означени се ризичните подрачја за комарци и сите досега преземени мерки за заштита.

Министерот за здравство, Сашо Клековски, вели дека страницата постојано ќе се надополнува.

„Во однос на превентивните активности кои се преземаат, завршена е четвртата тура прскање против возрасни комарци во Скопје. Со цел навремено и транспарентно информирање на јавноста на оваа тема, подготвивме нова веб страница на МЗ и ИЈЗ за преглед на сите податоци од надлежните институции, приказ на ризични подрачја, кои превентивни активности се преземени во секое подрачје и сл. Во моментот се направени вонредни прскања против комарци по индикација во шест од ризичните подрачја, додека по 14 август, согласно претходниот пресек на состојбата се извршени вонредни – по индикации прскања во повеќе подрачја, меѓу кои Кисела Вода (Драчево), канали во Гази Баба, Зелениково, Студеничани, Бутел и Ѓорче Петров“, кажа Клековски.

Тој истакна дека е издадено ажурирано упатство за лекарите на клиники, како и за матичните лекари да посветат внимание на пациентите со имуносупресивна терапија.

Текстот Со клик на мапа може да проверите дали во комшии имате заболен од западнонилска треска и кои се местата со висок ризик е превземен од МАКФАКС.