Со боја и четка во рака, средношколците на штипската гимназија нашарија големо велигденско јајце на кое е насликан целиот Штип

Со боја и четка во рака, средношколците и уметниците на СОУ,,Славчо Стојменски“ Штип пред Велигден ги искажаа своите уметнички таленти и создадоа големо велигденско јајце на кое е насликан стариот Штип. Прикажувајќи ги обичаите на градот, традицијата, како и неговата убавина, тие ги изразија своите креативности. Директорката Весна Ристова, особено горда што училиштето е испирација за многу ученици.

,,Денес во нашето училиште имавме еден голем настан, пред почетокот на велигденските настани, инспириран од празниците, учениците, уметници создадоа едно дело, кое што го преточија на најзначајното обележје на најголемиот и најрадосниот христијански празник Велигден, а тоа е велигденското јајце и нивните уметнички квалитети и таленти ги искажаа со боја и четка, го користеа до изразно средство за да можат да ги искажат своите импресии и да го претстават целиот наш град.“, рече Ристова

Jaјцето, како симбол во христијанството што значи живот е прикажано и во овој случај рече Ристова, со што е создадена една цела приказна за градот под Исарот, додава таа.

Инаку, настанот се организира втора година по ред. За прв пат бил организиран пред речиси една деценија и по подолги години пауза, денес ја доби своја реикарнација.

Иван Митев, М-Нет