
Со низа настани и активности, богата и квалитетна програма ќе се реализира овогодинешната Текстилијада во Штип. Во петок со откривање на скулптурата кај ООУ „Ванчо Прќе“ и присуство на претседателката Гордана Силјановска-Давкова и официјално ќе биде отворена текстилијадата. Во програмата се планирани панел дискусии, гости од државата и странство и можост да се подигне свеста кога е во прашање текстилната индустрија.
„Ова ќе биде една од најголемите текстилијади и по број на активности и по квалитет на програма. Овде се и панел дискусиите и на наше големо задоволство претседателката Гордана Силјановска-Давкова ќе го отвори настанот.“ – вели Ампева.
За овогодинешната текстилијада беше распишан и литературен конкутс на тема „Човекови права“ за кој пристугнале околу 30 творби. Во програмата е вметната и кратка аудио визуелна театарска престава, а ќе биде откриена и скулптурата „Зашиени емоции“. Традиционално како и секоја година е изработен и весник „Текстилец“ посветен на вредните луѓе од текстилната и кожарската индустрија.
„На самите маргини од овогодинешната Текстилијада ќе ги имаме и изложбата на стрипот Гласна синдикалка. Имаме за цел да им прикажеме на работниците дека им е потребна на некој начин херојка за нивна организација.“ – вели Дишоски.
Активно годинава во текстилијада 8 се вклучува и Општина Штип. Во петок ќе се реализира и форум на градоначалници на кои ќе говорат градоначалници од регионот, од општини во кои главно е застапена текстилната индустрија.
„Во однос на текстилијадата сакам да кажам дека општината ќе биде активно вклучена во текот на целиот настан, затоа се поканети гости од АКТЕ , а ќе учествуваме и во еден форум на градоначалници“ – вели Шорова-Ангелова.
Преку настанот Текстилијада се отвора можност да се дознаекако работат и функционираат европските градови каде има развиена текстилна индустрија, и кои се позитивните работи кои може да се научат од нив.
Лаура Стојанова М-Нет