Целосно уредена нова пешачка патека ќеги поврзува населбите Балканска и Чардаклија во Штип

Нова пешачка патека ќе ги поврзува населбите Балканска и Чардаклија во Штип. Започнаа активностите за изградба на пешачката патека која ќе се работи во две фази. Во наредниот месец се очекува да завршат градежните активности, патеката да биде поплочена со павер елементи, но и целосно осветлена. За овој потег општината издвои нешто помалку од два милиони денари.

„Започнуваме со изградба на пешачка патека меѓу населбите Чардаклија и Балканска. Потребата ја нотиравме од овдешните жители кои транзитираат на овој досега не безбеден потег. Првата фаза предвидува поплочување со павер елементи, уредување на соодветна пешачка патека, а втората фаза и целосно осветлување. Овој потег е доста небезбеден, но и користен од жителите од овој дел од градот. За овојпроект се издвоени нешто помалку од два милиони денари“ – вели Јорданов.

Освен овој потег, однонсо овој влез на градот, ќе се уредува и патниот правец од населба Баби до Караорман. По барање на жителите се работи на уредување на важни делови од градот, кои досега не биле реконструирани, а се користат од страна на граѓаните.

„Освен овој влезна градот од следната недела ќе се започне и со рехабилитација на патниот правец од населба Баби до населба Караорман кој е доста амортизиран, оштетен. Исто така и овој потег ќе се уредува, ќе се асфалтира, ќе се уредува со тротоарска површина, нешто што граѓаните го заслужуваат“ – додава Јорданов.

Во оваа прилика Јорданов посочи дека се работи на зголемување на безбедноста и на пешаците и навозачите во сообраќајот, а истовремено Штип добива современ и модерен изглед.

Лаура Стојанова М-Нет