
Со баклава, слатко, песна и одење на гости, едни кај други, верниците од исламска вероисповед денеска го прославуваат празникот Рамазан Бајрам. По завршувањето на месецот рамазан, а со тоа и на постот, празникот се слави три дена. Најпрво се оди во џамија, потоа се посетуваат гробовите на предците и најблиските, а накрај се оди нагости да се честита празнкот на постарите, а потоа на остантите. Верниците се радуваат, прославуваат и си простуваат.
Но, од друга страна, празникот го почитуваат и христијаните, пред камерите на М-Нет телевизиај велат дека и денеска си одат нагости, се почитуваат и си помагаат.
Инаку, помладите секогаш одат кај постарите, па така од утринава помладите ги посетуваат домовите во маалото. На поздравот среќен бајрам, дечињата добиваа баклава, бомбони и пари. Рамазан 9 тиот месец во исламскиот календар, се смета за месец на почетокот на објавата на куранот. Ова е ден кога роднините се сретнуваат во благодет и внимание еден за дрруг, ден кога се соединуваат во молитви и ги оживуваат мостовите на љубовта и блискоста.
Иван Митев, М-Нет