Скапи останаа цените за штипјани за Бајрам на пазарот во Штип, купуваа само најнеопходното

Врие од народ на денешниот петoчен пазар на празникот Рамазан Бајрам во Штип, зелната салата и кромидот беа најбарани. Купувачите и овој петок од утринава излегоа по потрага на свежи произовди, неопходни да се помине седмицата. Цените велат се скапи, но реални, бидејќи голема е маката на земјоделците. Децидни се тие дека, примањата се слаби, па затоа пазарот навидум изгледа дека е скап. Со полу празни торби, денес тие се заминаа накај дома.

,,Скапо е, купивме марула, бидејќи толку ни се примања,“, велат купувачите

Анкетираните купувачи истакнаа дека за овој период од годината, зелката, краставицата и доматот се најпривлечни, бидејќи содржат витамини. Велат вкусни се, домашни и тазе донесени на тезгие на пазарот.

На неколку тезги овој петок оризопроизводители дури од кочанско продаваа на пазарот. Дополнително поризводители од Ресен, од Радовиш и од Лакавичко продаваа јаболка, комир, марула, спанаќ, јаткасти плодови и свежи јајца.

Иван Митев, М-Нет