
Вечерва се отвара 19. коло во Првата ракометна лига со натпреварот во Скопје каде Шампион ќе игра против фаворит Партизан од Гевгелија, сите останатите средби се играат дури во недела.
Во Штип ќе се одигра мечот меѓу Текстилец УГД и Македонија ЃП, меч кој се игра во салата „Тошо Арсов“ со почеток од 18 часот каде штипјани ќе сакаат освојување на целиот „плен“ и со тоа можност за прогрес, а пак „лавовите“ доаѓаат да го освојат Штип.
Мулти Есенс како голем фаворит ќе оди во Ресен каде ќе игра против Преспа дерби ќе се игра во салата „Круме Кепески“ во Скопје – Драчево Јуниор на мегдан со Вардар Неготион.
Овче Поле ќе има незгодно гостување во Гостивар каде ќе се игра против Јехона, а пак непоразениот лидер Младост од Богданци ќе има лесна задача против „фенерџијата“ Кичево.
Во рамки на 19. коло слободна ќе биде екипата на Аеродром.
Александар Ванев, М-Нет