Слога Виница веќе работи на ангажман на нови квалитетни засилувања, третолигашот има план за подготовки и пријателски мечеви!

Слога Виница е есенски шампион во Трета лига – Исток и успешно оди кон целта за враќање во Втора лига. Клубот има учинок од осум победи и еден пораз со најдобар напад и најдобра одбрана.

„Крајниот веќе резултатот што го имаме прво место мислам со добра бодовна залиха пред почетокот на пролетниот дел. Ни се случи еден несреќен пораз со екипата на Карбинци, меѓутоа мислам дека бодовите што ги имаме седум повеќе во однос на Овче Поле што е позади нас, мислам дека ќе бидат доволни, но сепак не смееме да се опуштиме. Се надеваме дека ќе почнеме навреме сакаме да ги стартуваме подготовките на време бидејќи тој вакум период од завршетокот на есенската полусезона и почетокот на пролетниот дел е многу голем“, рече Грнев.

Слога Виница ќе означи старт на зимските подготовки заедно со второлигашите со цел да може да има повеќе време за подготовки, но и да одигра квалитетни пријателски натпревари.

„Затоа ние планираме веќе на 15. јануари да стартуваме со подготовките бидејќи за нас многу битно е припремниот период да го поминеме во најдобар ред, се со цел да одиграме добри квалитетни пријателски натпревари со второлигашките екипи, па можеби и со некои прволигашки екипи зависност од тоа кој каде ќе се подготвува“, вели Грнев.

Клубот од Виница веќе разговара и преговара со квалитетни засилувања со цел да се подигне квалитетот во тимот пред се за тој бараж меч.

„Во преговори сме со повеќе искусни играчи, но и млади играчи бидејќи знаеме дека имаме правилно тројца да го започнат натпреварот под 21 година работиме и на тоа. Се надевам дека ќе обезбедиме тие неопходни засилувања, бидејќи ќе ни требаат за се надевам нели за бараж натпреварот. Бидејќи како што знаете се игра само еден натпревар“, додава тренерот.

Грнев во гостувањето во Трибина на М Нет вели дека треба да се одработи прво пролетниот дел, а потоа фокусот ќе биде на баражот.

„Нашата цел е секако баражот мислам дека никој нема така да ни го поклони баражот имаме пред се да одигараме втората полусезона, да одиграме максимално бидејќи формата можеме само да ја одржуваме преку натпревари без разлика што имаме добро бодовно салдо, добра залиха пред второпласираната екипа на Овче Поле, мислам дека само преку квалитетни натпревари и квалитетни припреми одиграни квалитетни натпревари со второлигашки, можеби како што кажав и со прволигашки екипи, само на тој начин мислам дека ќе ја задржиме формата и ќе го дочекаме баражот спремни“, дополнува Грнев.

Слога Виница е главен фаворит во Трета лига – Исток за шампионскиот пехар и за баражот за Втора лига.

Александар Ванев, М-Нет