
Овој викенд ќе се одиграат натпреварите од 10. коло на Втората кошаркарска лига, а во рамки на истото штипски Соколи ќе има фаворитско гостување кај екипата на Водно Санс, која е претпоследна на табелата.
Штипјани ќе бараат нов триумф, а со тоа да продолжат патот кон пласман во Првата лига.
Работнички 2018 на домашен терен ќе игра против Струмица во дерби од дното на табелта, Црн Дрим како фаворит ќе игра против МЗТ Скопје, а пак Мега Баскет ќе се соочи со тимот на Маџари каде победата е императив и за двете екипи.
Борец Баскет ќе има улога на фаворит против ланскиот прволигаш Охрид, а пак Бутел ќе има тешко меч против фаворитот и лидер Ангели.
Александар Ванев, М-Нет