
Денешниот ѓурѓовденски пазарен петок во Штип ист како вчерашниот кочански. За купувачите со високи цени, според продавачите – евтин. Со покачувањето на трошоците, велат продавачите, пазарот е дури и со ниски цени, но купувачите речиси за се’ што им е потребно плаќаат се’ повисоки цени, и тоа не само на пазарот.
Сепак, производителите и трговците беа задоволни од денешниот пазарен ден, велат ѓурѓовденското расположение придонесува за поголема раздвиженост. Цените, според нив, се и пониски овој петок, а како за пример, велат, краставицата може да се најде и по 40 денари.
Солидно или скапо, со овие два збора штипјани ги оценуваа цените. Сепак, велат, мора нешто да се јаде и купи, па секој се снаоѓа како може.
Со производи се снаоѓаме, велат трговците, производителите додаваат дека производство периодов има. Согласни се дека за летните зеленчуци сезоната допрва доаѓа, а и цената ним дополнително ќе им падне.
Ребека Спасова М-Нет