Во среда дератизација на шахтите за заштита од глодари во Штип

Општина Штип ќе спроведе превентивна дератизација на канализационите шахти со цел уништување на глодари. Активноста се спроведува со цел заштита на населението од заразни болести предизвикани од глодари (стаорци), а ќе опфати 160 канализациони шахти на територија на општина Штип. Дератизацијата ќе се спроведе на 11.5.2022 (среда), во периодот од 18:00 до 23:30 часот.

„Третирањето ќе изведува со препаратот ДЕРАТИОН ПАРАФИНАТО со активна супстанца 3-[3-[4-(4-(Bromophenyl)phenyl]-3-hydroxy-1-phenylpropyl]-2-hydroxychromen-4-one. За сите информации и прашања може да се јавите на телефон за контакт во Општина Штип: 032/22 66 22.“ – стои во известувањето од Општина Штип.

Во случај на неповолни временски услови (дожд и др.) дератизацијата се одложува за следниот поволен ден. Воедно, се известуваат сите граѓани во општина Штип за внимателно учество во сообраќајот.