
Следната недела ќе започне рушењето на поранешното Нервно одделение во Штип, локација која ќе прерасне во нова, атрактивна станбена зона. На ова место ќе се уредува нов простор што ќе добие современ изглед и нова намена. Во меѓувреме општината веќе го финализира проектот за типските куќи во кои ќе бидат преселени ромските семејства што досега живееја таму. Градоначалникот Иван Јорданов најави дека оваа локација ќе стане модерно место за живеење и развој на ново урбано јадро во Штип.
,,Следно кое што ќе се одвива како активност на Општина Штип, поврзано со овој потег е рушењето на некогашното Нервно одделение, една болна тема, барање на жителите во минатото. Следната недела ќе се влезе со рушење на руинираните објекти, кои привремено беа дом на дестина ромски семејства. Морам да потенцирам дека проектот за типски куќи е веќе завршен, деновиве се поврзува подземната инфраструктура и во текот на следната недела ромсктие семејства ќе бидат преселени во типските објекти, а со тоа ќе се започне и со рушење на нкогашното нервно одделение, кое како зона за домување ќе биде верувам доста атрактивна локација да се развива и да биде потенцијално место на домување на многу наши сограѓаните, но и на жители од околните населени места кои го таргетираат штип како место урбано и модерно.“, рече Јорданов
Во меѓувреме се работи и на Лидал маркетот, кој како што рече Јорданов е во финална фаза. Потенцираше дека интензивно се раобти и на паркот Иднина.
,,Во финална фаза е и изградбата на Лидал маркетот, кој исто така ќе додаде вредност и практично ќе имаме ново лице на овој дел од градот. Интензивно се работи и на паркот Иднина, кој како продолжение на булеварот ќе додаде исто вредност, затоа што ќе биде еден од најубавите паркови во наашта држава.“, додава Јорданов
Со ваквите инвестиции, булеварот Партизанска од сега ќе биде безбеден и пофункционален за возачите, а со возобновувањето на просторот кај старото Нервно одделение и отворањето на Лидл маркетот, градот ќе добие нов, модерен лик.
Иван Митев, М-Нет