
Останува уште едно слободно место за да се комплетира четвртфиналето од Купот на Македонија, со што ќе бидат познати сите четвртфиналисти.
Досега седум екипи се пласираа во четвртфиналето. Најпрви до истото стигнаа второлигашите Охрид и Детонит Плачковица, потоа меѓу најдобрите осум обезбедија второлигашот Шкендија Арачинов, како и прволигашите Силекс, Струга Трим Лум и Работнички, место во четвртфиналето обезбеди и бранителот на Купот титулата, екипата на Вардар.
За последното место во четвртфиналето ќе се борат Шкендија и Тиквеш, ова ќе биде дуел кој ќе се одигра на 19 ноември, па тогаш ќе бидат познати сите осум екипи кои во четвртфиналето ќе се соочат за да обезбедат место во полуфиналето.
Инаку, освојувачот на Купот на Македонија обезбедува излез во Европа, односно игра во квалификациите на Конференциската лига на УЕФА.
Александар Ванев, М-Нет