Силекс го доби Скопје на својот терен во Кратово

Денес беше отворено 23. коло од Првата македонска фудбалска лига со воведниот меч во Кратово, каде Силекс убедливо го доби Скопје со резултат од 3:1.

Силекс стигна до рано водство со голот на Александар Катаниќ, а водството од 1:0 го чуваше и на полувреме. Стартот од вториот дел донесе брз гол за израмнување на “пиратите” на 1:1 и егал борба за три бода, со голот на Хајдари.

Во 74. минута Ѓорѓиевски ја врати предност против Скопје. Во продолжението на мечот Силекс преку вториот гол на Ѓорѓиевски стигна до конечни 3:1.

Колото ќе биде затворено утре со четирите натпревари. Во Штип ќе се сооочат Брегалница и Победа, Струга Трим Љум ќе биде домаќин на Македонија Ѓорче Петров, Шкупи и Работничи ќе ја одиграат скопската пресметка, а пак Шкупи и Академија Пандев ќе ги одмерат силите во Тетово.