Семејството Зикови и градоначалникот Иван Јорданов го разубавија крајот на годината во Штип


Семејството Зикови со своите четири близначиња беа гости во Општина Штип, каде што со својата детска радост го разубавија крајот на оваа година, а градоначалникот им подели пакетчиња.

Во оваа празнична атмосфера, градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, упати искрени честитки до сите граѓани на Општината, честитајќи им ги Новогодишните и Божиќните празници.

„Секој нов почеток носи нови надежи и предизвици. Нека оваа година донесе радост, здравје, љубов и благосостојба во сите домови“, изјави градоначалникот Јорданов, посакувајќи успех и среќа за сите жители на Општината.

„Нека радоста на близначињата биде пример за нас сите. Нека оваа година биде полна со љубов и среќа, а нашата заедница да расте и напредува“, додаде Јорданов.