
Семејството Зикови со своите четири близначиња беа гости во Општина Штип, каде што со својата детска радост го разубавија крајот на оваа година, а градоначалникот им подели пакетчиња.
Во оваа празнична атмосфера, градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, упати искрени честитки до сите граѓани на Општината, честитајќи им ги Новогодишните и Божиќните празници.
„Секој нов почеток носи нови надежи и предизвици. Нека оваа година донесе радост, здравје, љубов и благосостојба во сите домови“, изјави градоначалникот Јорданов, посакувајќи успех и среќа за сите жители на Општината.
„Нека радоста на близначињата биде пример за нас сите. Нека оваа година биде полна со љубов и среќа, а нашата заедница да расте и напредува“, додаде Јорданов.

