
Општината со прекуграничен проект со Општините Гоце Делчев и Сандански од Република Бугарија ќе работи на развој на туризмот. Во периодот кој следи предвидено е целосно уредување на штипско Ново Село, со што ќе се подобри и визуелниот изглед, но и туризмот во градот. Куќите кои сега се наоѓаат во лоша состојба и се речиси пред распаѓање ќе бидат целосно реставрирани, а со ова придобивки ќе има за сите.
„Ќе биде опфатена една куќа за сместувачки капацитет во Ново Село. Дополнително ќе бидат реставрирани неколку други куќи со што визуелно ќе се подобри амбиентот во Ново Село. Сместувачкиот капациет во бањата Кежовица ќе биде реконструиран целосно и уредување на изворот Л`џи.“ – вели Јорданов.
Јорданов посочи дека и општината во периодот кој следи ќе инвестира во повеќе активности со кои ќе се работи на развојот на туризмот во градот. Со ова ќе се заокружи реконструкцијата и реставрацијата на улици и објкети во штипско Ново Село со што ова место ќе го задржи автентичниот излед. Ќе се работи и на фасадно уредување на куќите во ова населено место.
Инаку, изминатиот период се работеше на улицата Крсте Мисирков, како и неколку краци од други улици кои беа поплочени во автентичен стил.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет