Детонит Плачковица престави уште едно засилување – промоција на младиот напаѓач Марио Костов

Радовишкиот второлигаш Детонит Плачковица за вториот дел од сезоната се засили со уште еден играч, се работи за 19-годишниот напаѓач Марио Костов, кој доаѓа од редовите на прволигашот Брера Струмица.

Се работи за млад и талентиран играч кој ќе биде одлично засилување и освежување во редовите на тимот од Радовиш за пролетниот дел од сезоната. Костов покрај во Брера Струмица беше дел и од Вардар.

Радовишани со Костов го затвараат трансфер пазарот и со тоа го имаат конечниот лик на тимот за пролетниот дел.

Вчера, тимот предводен од штипскиот стратег Горан Здравков го претстави и младиот Костадин Капсаров кој пристигна од Беласица.

Радовишани во сабота во рамки на првото пролетно коло ќе гостуваат кај Новаци.

Александар Ванев, М-Нет