Се работи интензивно на стадионот на Башкими, се уредуваат трибините и теренот, се инсталира ВАР-систем

ФОТО: ФК Башкими

Новиот прволигаш Башкими од Куманово покрај тоа што играчки се подготвува за новата сезона, го претстави Муарем Муарем како нов тренер, сега работи и на подобрување на инфраструктурата на стадионот.

Се работи интензивно на теренот за игра со цел истиот да понуди максимално добри услови за игра, а истовремено се врши и уредување на трибинтие на стадионот, со цел да се обезбдат што подобри услови за играчите и навивачите.

Дополнително, се работи и на инсталриање на ВАР-системот на стадионот на Башкими, со што од следната сезона Првата македонска фудбалска лига за првпат во историјата ќе има ВАР технологија.

Башкими е поранешен освојувач на Купот на Македонија од сезона 2004/2005, играше и во европските квалификации, а по 17 години се врати во елитата.

Од клубот информираат дека се разделија со Аган Алиу, Албан Мемети, Хусеин Демири, Арлинд Хсани, Егзон Азири, Амар Имери и Христијан Митревски, а клубот им се заблагодари за максималното вложување од нивна страна за враќање на Башкими во Прва лига.

Клубот подготовките ќе ги започне на 4 јули, кога ќе биде означен стартот на подготовките за новата сезона.

Александар Ванев, М-Нет