Се оддаде почит на загинатите македонските херои од 2001 година

Денес делегациите од Општина Штип  и од останатите институции оддадоа почит на загинатите македонски бранители од 2001 година. Настанот се одбележа во спомен обележје во Парк К’ртеке со положување на цвеќе. Каде секоја година на 3 мај им се оддава почит на бранителите, на жртвите на сограѓаните Димитар Двојаковски и Влатко Петров. Нивната пожртвеност градот Штип никогаш нема да ја заборави, а во знак на почит за нивното херојство и влог за живот.

Општина Штип и годинава се вклучува во одбележувањето на денот на заѓинувањето на бранителите Димитар Двојаковски и Влатко Петров. Со скромен и мал гест, но симболичен знак за почит кон нив за дадената жртва. Изјавува, Билјана Казанџиска

Со истата болка од пред 20 години на нивното спомен обележје се поклонија и членовите од нивното семејство. Припадниците на армијата на Република Македонија, СВР – Штип и друѓи здруженија и политички партии.

Дадената жртва за спас за подобро утре е жртвата за идните генерации. И покрај тоа 3 мај засекогаш штипјани ќе им се поклонуваат на македонските бранители. И ќе го оживуваат нивниот спомен

Надица Стојковска
Горан Христовски