
Футсал прволигашите на Македонија досега одиграа 19 кола и до крајот на сезоната треба да се одиграат уште три кола. Новите моменти со задолжителните тестирања ја прекинаа сезоната за која владее голема неизвесност дали ќе продолжи имајќи ја во предвид неизвесноста околу новиот шампион и големата борба за опстанок на 4 екипи. Токму во 20 коло требаше да се одигра дерби натпреварот помеѓу Шкупи и Проект Цико кој меч треба да го одреди новиот шампион. Засега на чело на табелата е екипата на Проект Цико со 53 бодови, а втор е тимот на Шкупи со 50 бодови, но со далеку подобра гол разлика. На дното пак голема е борбата за опстанок во која фигурираат 4 екипи, Кеги Моби, Астибо, Црна Река и Велес и во последните 3 кола можно се секакви изненадувања и промени. Сигурно од лигата испаѓаат Мал Ајакс и Кратово а нејасна е и состојбата околу тоа дали ќе има уште две испаѓања или Првата Футсал лига лигата и понатаму ќе брои 12 екипи. До сега одиграните 19 кола ја пополнуваат бројката од 75 % одиграни натпревари со што во евентуален прекин ќе се рачуна моменталниот изглед на табелата. А изгледот на Табелата по одиграни 19 кола вели вака:
- Проект Цико 53
- Шкупи 50
- Арбен Бајрами 49
- Железарец 37
- Јувентус С 30
- Карадаку 27
- Црна Река 24
- Велес 21
- Астибо 17
- Кеги Моби 16
- Кратово 7
- Мал Ајакс 2
Сите екипи сепак со нетрпение ги очекуваат најновите мерки кои би значеле продолжување на првенството, но сето тоа ќе зависи од одлуките на здравствената комисија и од надлежните органи на ФФМ.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk